Потребни документи и услови за Д1E категорија

Опис на категоријата:

Во категоријата „Д1E“ спаѓаат група на возила влечени од страна на возило кое спаѓа во категоријата „Д1“ со најголема доозволена маса на приколката поголема од 750 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.

Потребни документи и услови:

  • Наполнети 21 години возраст
  • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Д1“
  • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
  • Лична карта
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa
  • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (свидетелство, уверение, диплома издадени од образовни установи верифицирани од МОН на Р. С. Македонија, фотокопија заверена на нотар)
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 8 н/ч практ.)
  • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
  • Пријава за полагање на возачки испит
  • Забелешка: За оваа категорија се полага само втор практичен дел од возачкиот испит.