Потребни документи и услови за Д1 категорија

Опис на категоријата:

Во категоријата „Д1“ спаѓаат моторни возила за превоз на лица кои покрај седиштето на возачот имаат повеќе од осум, но не повеќе 16 седишта и чија вкупна должина не надминува осум метри и може да се комбинира со приколка чија најголема дозволена маса на приколката е помала од 750 kg.

Потребни документи и услови:

  • Наполнети 21 години возраст
  • Најмалку две години да поседува возачка дозвола од  категориите „Ц1“ и „Ц“
  • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
  • Лична карта
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa
  • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (свидетелство, уверение, диплома издадени од образовни установи верифицирани од МОН на Р. С. Македонија, фотокопија заверена на нотар)
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (10 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
  • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
  • Пријава за полагање на возачки испит